речник контакт

Tрибина на тема : Развој на мали и средни претпријатија

Во текот на годинава, стотина мали и средни претпријатија што ќе потенцираат одреден проблем во работењето ќе имаат можност...

lj lkjl

Во текот на годинава, стотина мали и средни претпријатија што ќе потенцираат одреден проблем во работењето ќе имаат можност да добијат странски стручњаци од таа област кои со совети ќе им помогнат да го надминат проблемот. За услугите стручњаците ќе бидат платени од агенцијата за поддршка на претприемаштвото преку проектот за развој на мали и средни претпријатија. Проектов ќе даде свој придонес за создавање на подобра клима за развој на мали и средни претпријатија. Според Пеце Jовевски координатор за директни инвестиции од агенцијата, малите и средни претпријатија и се неопходни на Mакедонија. Според проценките од ЕУ во земјава има само околу 30% мали и средни претпријатија што е премалку за подобрување на екомомијата во државава. Според Jовевски државата и банките во моментов не се многу заинтересирани за поддршка на претприемаштвото. Сепак големо значење за развој на малите и средните претпријатија имаат првенствено поединците кои инвестираат во истите. Tрибината се одржа во офицерскиот дом, а на трибината имаше мала посетеност од велешките стопанственици.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »