Зоран Николов
Објавено: четврток, 29 март 2012
Велес долго чекаше на иницијатива за хепенинг од фестивалски размери. По подолго време велешани ќе имаат вистинска тема од ноќниот живот на која долго ќе се зборува, ќе можат да проследат и до нивните пријатели од другите градови дека нешто „јако“ ќе се случува во нашиот град. Склопот од 4 неработни денови ќе се круниса на 15. април (недела) со спектакуларен настап во салата „Гемиџии“ во градскиот парк. Настанот ќе започне во 20ч. и ќе трае 6 часа. Ќе го отворат велешките легенди СТЕРЕОТИПОВИ со получасовен перформанс. Потоа ќе настапат енергичните PUMPERS, па следат на постарата публика добро познатите кралеви на добриот hard-rock звук DAY OFF, следи непокорливиот BENI со неговите NON-STOP, за на крај со двочасовен концерт вечерта да кулминира со култниот состав којшто е омилен на македонската публика - НОКАУТ!
Картите за оваа манифестација во претпродажба ќе можат да се купат во сите продажни киосци на TOBACCO низ Македонија по симболична цена од 150 ден. За оние кои ќе се двоумат до последен миг, цената на врата ќе биде 250 ден.
Затоа не пропуштајте да си набавите карта и да присуствувате на овој деби настан за кој има тенденција да премине во фестивал кој традиционално би се одржувал секоја година! Бидете дел од Велешкиот Велигденски Фестивал!!!
Tweet |