речник контакт

Годинава осветување на Св.Богородица и Св.Петка

Владиката Агатангел за 2011 најави осветување на возобновени цркви и манастири во велешката парохија

Петар Печков

Митрополитот Повардарски г. Агатангел најави дека во февруари ќе  биде преосветена велешката црква „Света Богородица“ која подолго време целосно се реновира, а потоа ќе биде преосветена и црквата „Света Петка“.

Неофицијалната информација е дека црквата Св.Богородица ќе биде осветена на 20 февруари, а Св. Петка летово.

Тој информира декав годинава е планирано да бидат пуштени на користење  и новоизградените конаци на манастирскиот комплекс  „Пресвета Богородиц“ во велешкото село Согле, каде работите се целосно изведени, а останува поставување на електричната енергија и водоводот.

Митрополитот Агатангел потсети дека во изминатата 2010 година светиот великомаченик Пантелејмон и официјално стана заштитник на Велес,  и оти на повеќе места  во Повардарската Епархија беа поставени камен-темелници за почеток на градби, а беа осветени и повеќе цркви и помошни црковни простории.

Тој информира  дека целосно е изградена и новата велешка црква „Св.Кирил и Методиј“ на која останува да се догради уште покривот на камбанаријата, а оти во февруари ќе почнат и со фрескоживописувањето во внатрешноста на црквата, кое се планира да биде завршено во 2012 година

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »