речник контакт

Градскиот пазар следните три дена ќе работи од 7 до 14ч.

Oвој продолжен неработен викенд Владата прогласи за Велес делумен полициски час, што влијае на работното време на Градски пазар

Петар Печков

Бидејќи Владата за овој продолжен неработен викенд прогласи некаде делумен, некаде целосен полициски час, тоа ќе се одрази и на работата на Градскиот пазар во Велес.

Работното време е променето и тоа е од 7 до 14ч. во секој од деновите, петок, сабота и недела, информираа од ЈКП Дервен.

Со тоа што останува можноста за продажба на не прехранбена стока, или текстил и железарија. 

Пазарчето во Нова населба останува затворено.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »