речник контакт

Европски првак во составување Рубикова коцка е Германец за само 7.88 сек

Во Прага победи Австралиец со 7.07 сек. Рубиковата коцка почна да ја составуваат и со нозе

Петар Печков

Само 7,88 секунди му беа потребни на Германецот Филип Вејер за да биде прогласен за европски шампион во сложување Рубикова коцка. Европското првенство се одржа во Прага. На натпреварот учествуваа повеќе од 500 луѓе во 18 категории меѓу кои и решавање на проблемот со бои на коцката со превез преку очи или со нозе наместо со раце.

Вејер, всушност, го постигнал второто најбрзо време, а прв бил светскиот првак Австралиецот Феликс Земдегс, но европскиот наслов го освојува најдобро рангираниот натпреварувач од Европа. Феликс Земдегс ја наместил Рубиковата коцка на натпреварот во Прага, на кој имало 500 учесници од повеќе од 44 земји, за 7,07 секунди. Филип Вејер изјавил по освојувањето на титулата дека се потребни години тешко работење за да се дојде до врвот. 

Унгарскиот кипар и професор по архитектура Ерно Рубик ја осмисли во 1974 година својата волшебна коцка, која многу брзо го понесе името по својот изумител.  Секоја година ширум светот се продаваат 400 милиони Рубикови коцки.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »