речник контакт

Кражби во црквата Св.Спас

Црквата Св.Спас е цел на крадци кои не избираат што земаат иако таа е верски објект.

Петар Печков

Црквата Св.Спас е цел на крадци кои не избираат што земаат иако таа е верски објект. Неодамнешното изчезнување на купелот беше последен грабеж кој го надмина трепението на свештениците од храмот. Тие посочуваат дека овој предмет тежок 20 кг, изработен од бакар, каде се осветува вода или  злужи за крштевање на новороденчињата, има посебно место во духовната историја.

- Тој е предмет стар повеќе од 150 години, купен од велешките еснафи во 1860 година во Солун. Неговата вредност е огромна како историски примерок а сигурно во велешките отпади е продаден за смешно мала сума. Тој за жал е изгубен за идните генерации – велат свештениците во црквата Св.Спас. Но списокот на украдени предмети од храмот е долг а се краде се што е метал, бронзени свеќњаци, лимарина и олуци  за собирање на вода, кандила, крстови.Сите овие кражби биле пријавени во СВР Велес од каде неодамна добиле информација дека е фатен крадец на месинганите букви од гробните места. Но дрскоста на крадците оди до таму, што тие на гробиштата напаѓаат постари жени, им ги земаат чантите со пари и бегаат. Подоцна чантата ја фрлаат со документи додека парите ги нема, објаснуваат свештениците. Затоа тие бараат да се воведе чуварска служба, која ќе ја обезедува црквата и гробиштата, кој се во сопственост на ЈКП Дервен.

- Ова е обврска на тој што стопанисува со гробиштата, тој треба да се грижи и за редот и мирот тука. Не може вечното почивалиште  и дом за мртвите да биде место за немир и неспокој. Нехристијански е ова што се случува во православните храмови – изјави владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија. За таа цел петиција со седумстотини потписи од сопствениците на гробните места во црквата била испратена до Советот на општината, каде се бара воведување чуварска служба, но одговор до сега нема добиено. Според свештениците кражбите зачестиле од пред две години, откако низ градските гробишта кај црквата Св.Спас бил пробиен див пат кој месното население од соседната ромска наелба го користи за превоз.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »