речник контакт

Одбележан Светскиот ден на акушерките и на медицинските сестри.

Медицинските сестри и акушерки се постојано на своите работни места, се грижат за здравјето на луѓето, за болните побрзо да оздрават а на најтешко болните да им ги олеснат страдањата

Петар Печков

Во Велес, во Розе салата беше одбележан 5- мај Светскиот ден на акушерките и  12-ти мај Светскиот ден на медицинските сестри.  

Годинава овие датуми имаат свое мото за акушерките топа е:  Мајките и семејствата партнери за цел живот за медицинските сестри   -глас што води, постигнување на глобалните цели за одржлив развој.

Централната прослава на ниво на Македонија ќе се одржи следниот викенд во Струмица.  Таму ќе се дебатира на тема како медицинските сестри и акушерки придонесуваат за подобар свет. 

Медицинските сестри и акушерки се постојано на своите работни места. Постојано се грижат за здравјето на луѓето, за болните побрзо да оздрават  и се грижат за најтешко болните да им ги олеснат страдањата. Акушерките пак  се на работно место каде се раѓа нов живот, помагаат на идните мајки     за олеснување на породувањето и даваат помош во првите часови и денови до  раѓањето на бебето – рече   Ружица Нацева претседател на Здружението на медицински сестри и акушерки од јавното здравство  на Велес, во кое членуваат  вработени  од ЈЗУ Општа Болница и ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Со години наназад вработените од приватното здравство не се дел од манифестацијата, иако и нив им е денот.  Нацева очекува дека од следните години во прославата ќе бидат вклучени и медицинските сестри од приватниот сектор, бидејќи вели ,,сите се грижиме за  здравјето на пациентите,,. Во ова здружение има  околу 170  сестри и акушерки од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »