речник контакт

Осветена трпезарија и канцеларии во Св. Спас

Овој чин го изврши г.г. Стефан, во присуство на владиците Агатангел, Иларион, Петар, Тимотеј

Петар Печков

Без малку целиот црковен врв на МПЦ беше присутен во Велес  на  осветувањето на  канцелариите и трпезаријата  во црквата Св. Спас. Овој објект се градеше скоро една година и со неговата изградба  треба да придонесе  за поголемо  почитување на христијанските обичаи при давањето   на храна но и да се избегнат зголемените материјални трошоци  на верниците  при погребите  и одењето  по ресторани во чест на починатите.  Трпезаријата   има капацитет од 80 до 90 гости и  на располагање е на христијанските верници при погреб или помен на нивните блиски. Објектот е изграден со средства од Повардарската епархија и донации од верниците.

Овој објект е во служба за покојните, но и живите ќе имаат помош од него. Во оваа година на јубилеј убаво е кога имаме повод да се  собираме за работи кои  го олеснуваат  животот на верниците  - рече поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан.

Корисниците во неа ќе можат да добијат комплетен оброк од ручек до пијалак а при погреби и варена пченица, блудец, сендвичи, и се што е потребно за овој чин. Во објектот  има и санитарен јазол.  Претпладнето се одржа Света Божествена Литургија со која  чиноначалствуваше  Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Владиците Иларион, Агатангел, Петар, Тимотеј.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »