речник контакт

Притвор месец дена за С.В.

Што кажал осомничениот пред судот. Семејството Најдови: на раце како дете го израснавме сторителот

Петар Печков

Притвор за  С.В. (46 год) од Велес  му  одреди Основен суд од Велес, откако Основното Јавно  обвинителство од Велес побара ваква мерка.  Постоела можноста да избега, влијае на  сведоците и го повтори делото.  

На С.В. со кривичната пријава му се товарат пет кривични дела, едно за убиство и четири за убиство во обид.   Тие ги стори во средата ноќта околу 2 ч. кога со удари од чекан и метална шипка го усмрти Димче Најдов а на неговата сопруга ќерка, брат и снаа им нанесе тешки повреди на главата. Сопругата е  на Неуро хирургија во Скопје.  

С.В. во сослушувањето ја опишал критичната вечер и што се случувало во домот на Најдови  на улица .„Коле Цветков“ бр.131.

Убиството било мотивирано со поставувањето на пластичната тенда пред влезната врата на горниот кат на Најдови.  С.В. според блиски на фамилијата уште одамна имал проблем со поставување  на настрешница кај  Најдови, пред 10-15 години, кога уште тогаш се заканил дека ќе ги расчисти односите.

Критичната вечер  поставувањето на тендата завршило околу 22ч. а кај С.В. се јавил  револт. Ноќта раскажал дека решил да ја искрши, стигнал до влезната врата, нашол чекан и шипка оставени од работата, но според неговите зборови се премислил.

Заклучил дека ќе одговара ако ја искрши, па подобро било да им се закани на соседите,  по што ја скршил влезната врата и влегол во првата соба десно, каде била ќерката.  

Кога таа го видела со секира во рака почнала да пребарува нешто по фиоките, објаснувал С.В. Тогаш тој почнал да удира по неа по што дошле нејзиниот татко и  мајка, а подоцна и чичкото и тетката. На прашањето дали  примал некакви  лекарства за смирување тој одговорил потврдно. 

Истовремено семејството Најдови раскажуваат дека  сторителот уште од мал бил заедно со нив.

На раце го израснавме од дете  а вака ни врати- вели член на семејството.  

Тие дури имаат и кумовска линија со С.В.. За трагедијата да биде поголема,  убиениот Димко имал закажано свадба за синот за 2-ри септември.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »