Петар Печков
Објавено: среда, 07 декември 2011
Свети Климент се родил во Рим, а потекнува од царски род. Во младоста отпатувал на Исток, каде што се запознал со верата во Христос.
Учители му беа самите апостоли. По враќањето во Рим беше избран за епископ во престолниот град. Подоцна, во времето на императорот Трајан, свети Климент беше протеран во Херсон, каде беше осуден на смрт и фрлен в море со камен околу вратот. Пострада за Христа во 101 година.
Своевремено, неговите мошти ги пронајдоа светите браќа Кирил и Методиј и ги пренесоа во Рим. Свети Климент Охридски го носеше своето име по углед на овој голем Христов светилник.
Tweet |