речник контакт

Свети апостол Андреј Првоповикан, 13.XII

Празник на првиот Господов апостол. Во народниот говор името Андреј асоцира на нешто јадро (крупно) па поради тоа е поврзано со верувањето дека од тој датум денот наедрува, се зголемува. Именден празнуваат: Андреј, Андреја, Андријана...

Петар Печков

Првиот Христов апостол Св. апостол Андреј наречен Првоповикан има значајно место во христијанската религија и во народниот живот, иако со неговото име и со неговиот ден се поврзани малку обичаи и верувања.

Роден е во Витсаида на брегот на Генизаретското Езеро и е роден брат на Св. апостол Петар. Тие биле рибари и ловеле риби во Генизаретското Езеро. Најпрвин Св. ап. Андреј бил ученик на Св. Јован Крстител, а кога Јован покажувајќи кон Исус рекол: “Еве тоа е јагнето Божје што ги собира сите гревови на овој свет” тогаш Исус го повикал, отука и е наречен Првоповикан. Андреј станал прв Исусов ученик и никогаш повеќе не се одделил од него.

Легендата раскажува дека еднаш додека Андреј и Петар ловеле риби на езерото тука минал Исус и им рекол: „Дојдете со мене, јас ќе ве научам да ловите луѓе”. Оттогаш Андреј е неразделен од Исуса. Присуствувал на сите големи настани поврзани со Исус Христос, потоа кога Исус им се јавил на апостолите по Воскресението, на Вознесението, како и на слегувањето на Светиот Дух.

Кога апостолите се растуриле по светот за да го проповедаат Евангелието, Андреј отишол во Византија, Тракија, Русија, Рим и тн. На Пелопонез во градот Патрас излечил многу болни и многу придобил за христијанската вера. Дури ги придобил и братот и снаата на градоначалникот поради што овој наредил да биде распнат на крст но не како Исус туку на две штици во форма на буквата Х.

Два дена и две ноќи 70 годишниот Св. ап. Андреј се мачел пред да испушти душа, на 13.XII/30.XI За време на владеењето на цар Константин Велики неговото тело е пренесено од Патрас во Цариград и е поставено во црквата на Светите апостоли. Подоцна главата му е пренесена во Рим каде што и денес со многу почести се чува во црквата Св. Петар.

Светата православна црква споменот на Св. ап. Андреј Првоповикан го празнува на 13.XII/30.XI на денот кога маченички умрел за верата Христова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »