речник контакт

Се крадат делови од антените на врвот на ридот Св. Илија

За мала корист од бакарните кабли се нанесува сериозна штета

Петар Печков

Иако на  566 метри надморска височина, врвот на  ридот Св.,Илија е мета на крадците. На оваа локација се сместени предаватели на мобилните оператори, на МРД и други јавни служби од посебен интерес.

Токму тоа е и  магнет за крадците да се искачат до врвот, и до таму непречено да одземат бакар, кои потоа го препродаваат. Во изминативе месеци регистрирани се повеќе кражби, информацијата ја потврдуваат и од велешката полиција. Додаваат дека се вкупно пријавени  четири кривични дела тешка кражба и кражба.

Во месец февруари пријавена е кражба во базна станица на телекомуникациски оператор „Оне“, од каде одземени се бакарни цевки. Во месец јуни  година примена е пријава за тешка кражба од објект- контејнер сопственост на дигитална телевизија „Бум“лоциран од каде одземена е бакарна цевка.  Во текот на месец Јули и Август годинава, во два наврата пријавени  се кражби од базна станица на ЕВН Македонија, од каде одземени се бакарни кабли и еден клима уред - изјавија од СВР Велес.

Сите кражби се регистрирани на објекти лоцирани на  врвот од ридот Св. Илија.  Додаваат дека превземаат  мерки за расветлување на настаните.  Познавачите на теренот се чудат и нејасно им е како крадците се решаваат на таква авантура да украдат предмети кои потоа за мали пари ќе ги  препродадат во откупените центри.  

До врвот се стигнува по лош  импровизиран земјен пат, само со теренско возило. И дилемата ми е колку можат да заработат од кражба на бакара кога треба да потрошат повеќе за да стигнат до таму. Башка штетата на компаниите што им ја предизвикуваат - вели велешанец кој често се искачува во околината на градот.

Но ништо не е за изненадување, ако се знае дека крстот кој Повардарската Епархија на МПЦ-ОА го постави таму пред 10-тина години, набргу беше украден, остана само конструкцијата од  метал, плочите за кратко време беа украдени. Неодамна крстот беше поправен и повторно светна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »