речник контакт

ЈВП Лисиче ги чека резултатите за составот на материјата која плива по водата на езеро Младост, за да каже што ќе прави со неа

ЈВП Лисиче е концесионер на водата од акумулацијата Младост

Петар Печков

ЈВП Лисиче кое е концесионер на водата од вештачката акумулација езеро Младост ги чека резултатите од анализата за квалитетот на водата, по што ќе преземе конкретни активности. Ова доаѓа откако на водената површина еден месец и повеќе плива материја.

За неа д-р Снежана Петрова од Центарот за јавно здравје Велес, рече дека е органска, од цветот на алгите и трските, не е штетна, но треба човечки фактор да ја  острани оти е грда слика. Од ЈВП Лисиче во писмениот одговор на поставеното прашање од ТрМр, напишаа:

„ЈПВ Лисиче-Велес во континуитет  ја следи состојбата со квалитетот на водата во Акумулацијата Младост и постапува во согласност со обврските од Дозволата за користење вода за наводнување. Според динамиката за анализи на вода дефинирана во Мониторинг-програмата за Акумулацијата Младост врши анализи во сопствените интерни лаборатории и резултатите ги доставува до надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање. Во врска со формираната наслага која е евидентна и присутна во крајбрежниот, но и во средишниот дел на површината на акумулацијата, превземени се и дополнителни активности за утврдување на нејзиниот квалитативен и квантитативен состав. Испратени се примероци за биолошка анализа (фито и зоопланктонски анализи) во овластена научна установа ЈНУ Хидробиолошки завод од Охрид. Резултатите од анализите ќе покажат за каква материја се работи, кој е изворот и каде треба да се бара причината за настанатата состојба“ – одговорија од ЈВП Лисиче.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »