Петар Печков
Објавено: вторник, 30 април 2024
Општина Чашка преку Јавното претпријатие „Тополка“ овозможи две нови услуги за нејзините граѓани. Со ова е реализиран проектот „Современи услуги“ кој што е финансиран преку Бирото за регионален развој со буџет од 1,6 милиони денари
„По потпишувањето на договорот за набавка на комплетно нова хардверска опрем компјутери, принтери и таблети, како и бадградба на софтверски систем за сметководство и наплата на комунални услуги, преку фирмата Мега Софт од Битола ,ЈПКД Тополка целосно го дигитализира и модернизира процесот на сметководство и наплата на комунални услуги преку електронско читање на водомери и електронско плаќање на сметките за вода и комуналии“ – кажа градоначалникот на Чашка Горан Стојановски.
Електронското плаќањена сметките е можно преку креирање на електронско сандаче
на веб страната www.topolka.mk .
При тоа плаќањето е без провизија.Додека пак фотографиите од состојбата на броилото ќе бдие доставувана секој месец со месечната сметка на потрошувачот. Или пак тој преку електронската сметка може сам да ја пријавува состојбата со потрошената вода.
Градоначалникот на општина Чашка Горан Стојановски посочи дека , високо во приоритетите за квалитетна работа на општината е дигитализацијата на услугите. Така се овозможува значително олеснување на услугите кон граѓаните и дополнителни можности за поголема ефективност и ефикасност на јавната администрација.
Tweet |