Петар Печков
Објавено: вторник, 21 август 2018
Во ЈКП Дервен нуди можност за електронско плаќање и проверка на сметките за неговите корисници. Оваа новина е воведена од средината на месецов.
Корисниците бесплатно можат да ги користат он-лајн услугите за: детална проверка на сметките за потрошена вода и електронско плаќање на доспеаните сметки за комуналните услуги. За да можат да ги користат услугите потребно е да се најават (регистрираат) во системот на www.e-derven.mk.
На овој начин се постигнува: следење на современите трендови за електронско плаќање, заштеда на време на корисниците на услугите на ЈКП ДЕРВЕН – Велес, избегнување на чекање во редица пред шалтерите во банките, пошти, наплатни центри, придонес во унапредување на екологијата. Плаќањето е без провизија, брзо, сигурно и едноставно on-line - изјавија од ЈКП Дервен.
Tweet |