речник контакт

ЈКП Дервен дал налог да се испита колку објекти од Отовица се приклучени на колекторскиот систем

Населбата Отовица постоела уште од создавањето на езерото и отпадните водите се влевале таму, немало колекторски систем, кој ја прибира отпадната вода, па езерото немало такво загадување, како што сега е констатирано

Петар Печков

ЈКП Дервен постапил по барањето на Државниот инспекторат за животна средина, да се испита  колку објекти од населбата Отовица се приклучени на колеткорскиот систем. Целта е за да се открие зошто во заливот на Отовичка река, која е пресушена,  има старо фекално загадување.  

„Населбата Отовица постоела уште од создавањето на езерото и отпадните водите се влевале таму, немало  колекторски систем, кој ја прибира отпадната вода па езерото немало такво  загадување, како што сега е констатирано. Целта ми е, дека неоправдано се смета оти населбата Отовица е причината, поточно канализацијата, за состојбата на езеро Младост.  Бројката од 65 приклучени во колекторскиот систем од 229 не е точна, мислам дека 90 осто од објектите се приклучени на колекторскиот систем. Исто е и со левиот крак, ние не го стопанисуваме, но тој функционира и ги прибира отпадните води. Даден е налог да се испита колку објекти се приклучени на колекторскиот систем во Отовица. Докторите добро знаат дека со распаѓањето на угинaтите риби се создава амонијак во водите од езерото, а тој е регистриран во неодамнештото истражување при дното“- објасни Родна Јанева раководител на Р.Е. водовод и канализација при ЈКП Дервен.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »