речник контакт

ЈКП Дервен набави ново возило за собирање на смет, автосмеќар

Возилото марка рено е купено од сопствени средства на ЈКП Дервен, во висина од 5,8 милоиони денари

Петар Печков

ЈКП Дервен набави ново возило за собирање на смет. Истото е со вредност од 5,8 милиони денари, средства од сопствениот Буџет. Ова возило е наменето за собирање на смет од контејнери од 5м3 и подземните контејнери.

„Во насока на заложбите на ЈКП Дервен за обнова на застарениот возен парк и нормализирање на собирањето смет од домаќинствата, што е еден од приоритетите на претпријатието, а за потребите на Секторот Комунална хигиена, набавено е ново комбинирано специјално возило – автосмеќар од марка Рено D280“ – соопштија од  ЈКП Дервен. 

Претходно во мај 2019-та  ЈКП Дервен доби возилото автосмеќар,  марка ИВЕКО, со капацитет од 5.5 м3, а наменето за собирање на смет од садови од 120 л до 1.100 л. Возилото беше обезбедено преку  ИПА 2 европскиот фонд во вредност од 3,2 милиони денари. 

Во мај 2018-та возниот парк на ЈКП Дервен беше проширен  со ново возило марка Ивеко,  комбиниран камион автосмеќар со капацитет од 22м3, набавен со сопствени средства- 7.67 милиони денари зедно со ДДВ. Ова возило собира   смет од контејнери од 5м3, 1,1м3, пластични канти од 120 л и за  собирање на смет во кеси од врата на врата.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »