Петар Печков
Објавено: недела, 12 ноември 2023
Атлетската трка „Велес трча“ која се одржа во Градскиот парк ја завршија 264 учесници во две трки на 5 и 10 км во машка и женска конкуренција.
На подолгата патека 10 км кај жените победи Фросина Михајловска со време од 45 минути, пред Јасмина Каркински 52,20 минути и трето пласирана беше Анита Китанова 53,52 минути Кај мажите прв беше Игор Јакимовски со време од 37:17,пред Христофор Пејовски 39:37 и Лаки Толовски 41:46.
На пократката патека од 5 км кај жените победи Марија Стојановска со време од 21:28 минути, пред Ана Атанасова 23:41 и Дарија Крстевска 24:00. Во машка конкуренција победник е Роберто Димитриевски кој патеката ја истрча за 18:03, втор беше Ибраим Мамудов со 18:38 а трет Ријад Шаипи со 19:09.
Атлетската трка „Велес трча“ беше во организација на АК „Велес“ и беше дел од содржините на одбележувањето на 9 ноември, Денот на општината.
Стартот и целта беа на Градскиот стадион додека учесниците трчаа низ Градскиот парк.
Tweet |