речник контакт

Јаневски се враќа на позицијата началник на СВР Велес

Pовторно се вратени на старите раководни функции раководни лица кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада

Петар Печков

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денеска во согласност со постојните законски одредби за функционирањето на т.н. техничка влада повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациски единици во Министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада. 

Тоа значи дека Злате Јаневски е повторно началник на СВР Велес. Досегашниот началник, Игор Ангеловски, се враќа на местото самостоен инспектор во крим -техника во СВР Велес.

Овие поместувања доаѓаат откако во саботата пратениците од новиот мандат на Републичкиот парламент, избран на 15-ти јули, ги добија уверенијата а со тоа завршија и изборите и т.н. Пржинска Влада.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »