речник контакт

Ја нападнал сопругата а потоа и полицијата

Сопругата ја тепал а на полицајците им се заканувал со секира и ги мавал со керамиди

Петар Печков

Велешанецот Т.Б. ( 29 год)  ја нападнал сопругата и физички ја малтретирал а откако соседите пријавиле во полиција, тој им се заканувал со секира дека ќе ги убие. Настанот се случил утрово околу 3,20 часот на улица Љубен Весов. СВР Велес го потврди инцидентот и според нив Т.Б. во моментот кога се случил бил во видно алкохолизирана состојба. 

Според соседите  Т. Б. бил  качен на неговата куќа, со секира и се заканувал дека ќе го убие секој оној што ќе се обиде да го приведе.  Притоа фрлал со керамиди по полицајците  и се заканувал дека доколку се приближат ќе ги запали со запалка. СВР Велес по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе поднесе соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »