Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 јуни 2013
Вили Јорданов, велешанецот кој настапува за КК Илинден е старо - новиот првак на Македонија во јуниорска конкуренција во К-1. Тој имаше најдобри две возења на саботната трка која се одржа на патеката Матка крај Скопје. Јорданов беше првак и лани во истата конкуренција.
На победничкото постолје беа се велешани. Зад него се пласираше Димитар Велков член на КК Гемиџии од Велес а трет беше Марјан Лазаровски од КК Вила Зора од Велес. Во 3хК-1 исто така јуниори победници се велешаните Јорданов, Златаров и Кимовски.
Tweet |