lj lkjl
Објавено: вторник, 04 јули 2006
Oбвинителот на спортскиот трибунал задолжен за истрага на аферата со местење резултати во италијанското фудбалско првенство побара Милан Фиорентина и Лацио да бидат префрлени во втората лига, а шампионот Јувентус да биде казнет со преселба во трета лига, пренесува МИА. Обвинителот Стефано Палаци исто така побара во следната сезона Лацио и Фиорентина да стартуваат со минус 15 бодови, Јувентус со негатива од шест и Милан со три негативни бодови. Обвинителот побарал и казни за 26 клупски функционери и судии. Акциите на Јувентус и Милан веднаш паднаа 7,59 проценти по барањето на обвинителот. Палаци исто така побара и последните две италијански титули на Јувентус да му се одземат на клубот. Конечната одлука ќе биде донесена на 10 јули, само еден ден по финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал што се одржува во Германија. На Лучиано Моги и Антониот Гираудо, високи претставници на Јувентус во 2004/05 сезона, им се заканува казна за исклучување од сите спортски активности за пет години. Адријано Галиани од Милан кој неодамна поденесе оставка од местото претседател на италијанската професионална фудбалска лига, би требало да добие двегодишна забрана, а Франко Караро, кој поднесе сотавка од претседателството на италијанската фудбалска федерација е соочен со петгодишна суспензија. Претходно, Паоло Бергамо претставник на италијанската фудбалска федерација поденсе оставка.
Tweet |