речник контакт

Јулијана Жабева Папазова

Две години истражување и подготовки и требаа на Јулијана Жабева Папазова да ја создаде првата е-книга во Македонија од областа на музиката.

Петар Печков

Парада на Соколска музика, 1919 година



Две години истражување и подготовки и требаа на Јулијана Жабева Папазова да ја создаде првата е-книга во Македонија од областа на музиката.

Таа е автор на „Музичкиот живот во Велес 1906-1941“ за која го доби и највисокото општинско признание на Велес 9-то Ноемвриската награда.

- Идејата за истражување на Музичкиот живот во Велес се роди пред неколку години во периодот додека ја работев темата за Историјата на Македонскиот пијанизам. Подрачјето на Велес и на цела Македонија во периодот од почетокот на 20 век па до Втората светска војна е интересно за откривање на музичката култура и традиција. Од тие  причини интересот го насочив само на истражување на музичката традиција на еден град - вели Папазова.

Таа неуморно истражувала за да дојде до сите релевантни податоци за музичкиот живот во нејзиниот роден град. Најголем дел од изворите на податоци се архивски материјали кои се искористени од Државниот архив на Р. Македонија во Скопје и од Државниот архив на Велес.

Понатаму користени се материјали од тогашните весници и списанија кои се печателе како и публицирани материјали. Авторката на располагање  ги имала и лични документации на новинарот Никифор Смилевски.

Текстуалнниот дел е збогатен со стари, некои и ретки фотографии на  музичките тајфи од градот, дел од нив се наоѓаат во Музејот на град
Велес.

- Ова е мој скромен допринос за родниот град, лулката на поновата македонска култура. Секој од нас е должен колку што може да остави траги од живеењето во Велес - рече Јулијана Жабева Папазова.

Таа е магистер и работи како професор по пијано во МБУЦ Илија Николовски Луј во  Скопје.

\"\"
Градски дувачки оркестар, 1908 година


Делото е поделено на пет дела, Гимназијата како најстара образовна институција во Македонија и нејзиниот придонес во развојот на музиката во градот, музицирањето  во домашни услови, музичките тајфи во градот, велешката чалгија и музичките професионалци од Велес.

Музикологот Јелица Тодорчевска за е-книгата ќе напише „Во историјата на градот се забележани имињата на корените на културата на Македонија, меѓу нив и музичарите  Стефан Гајдов, Живко Фирфов, Данка Северова Фирфова, Ангел шурев и многу други.

Јулијана со многу научни факти одговара на многуте парашања од музичката историја на Велес и Македонија. Ова дело значи збогатување на историјата на музиката во земјава. Истото веќе е претставено пред хрватската јавност во Загреб, а се подготвува негово издание на германски и англиски јазик.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »