Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 април 2014
Тројцата велосипедисти јуниори кои победија на трката за Купот на Македонија оставарија подобро време отколку сениорите.
Игор Василевски како прв, Драган Цветков како втор и Кристијан Николов тројцата членови на МВК од Велес ги победија велосипедистите, победници во сениорска конкуренција Стефан Петровски од Вело- М Куманово, Зекир Зекири oд Енерџи и Никола Ѓуриќ од Вело М.
60-тина велосипедисти од 8 клубови возеа на патека во должина од 116 км. од Велес, преку Росоман, Неготино и Кавадарци назад до Велес. Оваа трка беше за велосипедскиот куп на Македонија.
На двојно пократката патека до Градско и назад, возеа и девојки каде победи Анета Антовска од Енерџи од Скопје. Организаторот на Куп трката беше велосипедскиот клуб МВК од Велес.
Tweet |