речник контакт

Ќе има судење за велешкиот судија Благој Анѓушев

Основното Јавно обвинителство подигна обвинителен акт против судијата од Основниот суд во Велес Благој Анѓушев и поранешниот заменик јавен правобранител Никола Димов.

Петар Печков

Основното Јавно обвинителство подигна обвинителен акт против судијата од Основниот суд во Велес Благој Анѓушев и поранешниот заменик јавен правобранител Никола Димов.

Тие двајцата се товарат за кривичното дело „несовесно постапување во службата“ во случајот со продажбата на Офицерскиот дом во Велес.

Двајцата обвинети во текот на мај месец 2005-тата година се обвинети дека несовесно постапиле во вршењето на нивните должности и овластувања со што му овозможиле на лицето Кољо Мечкаров да стекне против правна имотна корист од 15 милиони денари..

Тој како најповолен понудувач на јавната лицитација, за објектот  требало во рок од осум дена на трезорската сметка на Буџетот на Република Македонија да ги префрли понудените средства, но тоа не го сторил. Мечкаров во Велешкиот суд започнува судски спор, бидејќи оваа лицитација Владата ја поништува.

Како предметен судија Анѓушев на 26 мај 2005 носи пресуда во полза на тужителот , прифаќајки како доказ дека е извршена уплата преку Централен депозитар за хартии од вредност .Меѓутоа од извршените вештачења од 20 ноември минатата година утврдено е дека документот доказ врз основа на која е донесена пресудата е всушност само салдо од сметката на Кољо Мечкаров а истите не биле исплатени. Наведениот документ не претставува средство за плаќање а за тоа да се изврши треба налог.

Претходно на 9-ти октомври 2005-тата година Јавното правобранителство  по препорака на Никола Димов се откажало од поднесување на жалба со што пресудата на 26 мај 2006 станала правосилна. Врз оваа основа Мечкаров потоа извадил и поседовен лист за сопственоста на Офицерскиот дом.

И покрај ова тој на два наврати со налог за плаќање, заверен од Министерството за финансии и Централниот депозитар за хартии од вредност платил 163.756 на 14 јули и 80.407 евра на 21 јули минатата година, наведувајќи дека основ е пресуда на Основниот суд во Велес.  Ова го сторил откако Министерството за одбрана започнал судски процес за сопственоста на Офицерскиот дом.

Обвинетите Анѓушев и Димов во истрага се бранеле дека постапиле согласно Законот и не се чувстуваат виновни.

Предметниот судија Снежана Николовска побарала пренесување на месната надлежност а дали  процесот ќе се води во судот во Велес ќе реши Апелација.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »