Петар Печков
Објавено: недела, 18 февруари 2007
Велешките екологисти ќе ги враќаат ретките и скоро исчезнати птици во нивниот дом, месноста Пешти по природен пат.
За таа цел тие започнаа со реализација на проектот „Долниот тек на Бабуна и Пешти“ со кој треба да се зачува но и да се зголеми бројот на ретките ендемски птици кои тука некогаш живееле.
На листата се црн штрк и египтски мршојадец кои сега ги има со два односно еден пар. Но на големо изненадување на екологистите при неодамнешната посета тие евидентирале и белогав орел.
- Бевме фрапирани кога пред теренските возила наеднаш од небото дојде белоглав орел, замавна со огромните крилја а уште побргу замина во карпите. Ова беше слика за паметење иако не бевме сигурни, сега знаеме дека во Пешти има и еден пар на овие ретки птици - вели Кире Кочов кооординатор на проектот, член на ЕД Вила Зора од Велес.
По оваа епизода која не ги оставила рамнодушни членовите на експедицијата, тие се решени по секоја цена да го истуркаат проектот и ги сочуваат овие ретки птици.
Прва задача ќе биде да се изгради хранилиште кое ќе биде на скришно и тивко место. За негова реализација помош добиле од прехрамбената индустрија „Агрија“ која ветила дека ќе ги доставува мршите.
Стручњаците предупредуваат дека отровот токму кои луѓето го ставаат во мршите е најголемата опасност за птиците. Затоа хранилиштата се предвидуваат на места кои ќе бидат далеку од опфатот на човекот.
Веќе се одржани и две предавања со жителите на блиските села Црквино и Водоврати, каде тие се едуцирани од штетите што се преидзвикуваат со труењето на храната наменета за дивите животни а кои птиците исто така ја користат. На предавањата била потенцирана и можноста за локален туристички развој, бидејќи се планира да се градат видиковци од каде туристите ќе можат да ги гледаат овие ретки птици. Тоа пак ќе им носи приход на жителите на овие две села.
- Сакаме по природен пат да го обновиме бројот на ендемските видови птици во реонот на Пешти, како и нивно враќање. Тука се регистрирани мноштво видови меѓу нив и глобално загрозени, потоа медитерански видови и „атрактивни“ видови птици вели - Анита Думова, ассистент на проектот.
Велешкото еколкошко друштво Вила Зора него го доби по конкурсот од светската организација Глобален еколошки фонд а во конкуренција со слични проекти од Белорусија, Украина, Молдавија и Македонија.
Тие очекуваат дека со него ќе се ревитализира и од орнитолошки аспект, единствен комплекс Бабуна, Пешти, Тополка, Црн Камен, Макревац кој е признаен од европските стручњаци и прогласен за таков во 1989 година.
Се надеваат и дека листата на изчезнати златни и царски орли, белоноги ветрушки, ќе биде повторно пополнета со овие видови. Проектот кој е финансиски поддржан од ГЕФ ќе се работи во наредните осум месеци.

Tweet |