речник контакт

Ќирил Гајдов нов претседател на Советот на Oпштина Велес

Гајдов е трет претседател во овој мандат на Советот на Општина Велес

Петар Печков

На вчерашната седница на Советот на Општина Велес,  61-ва по ред, беше избрана нов претседател. Со мнозинство гласови од присутните избран е Ќирил Гајдов од НСДП а за него гласале 13 советника, седум биле против. Изборот е  за остатокот на мандатот.

Гајдов е дипломиран правник и сопственик на приватна фирма.  

Неговиот избор доаѓа по извршената верификација на мандатот за пратеник на претходниот претседател Ненад Коциќ.

Во овој мандат на претседателската позиција ова е трет претседател на Советот, пред Коциќ  беше  Душко Петров.

Гајдов е со втор мандат како член на Советот на Oпштина Велес. 

ВМРО-ДПМНЕ како нивен кандидат го предложиле Петре Саздов.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »