Петар Печков
Објавено: среда, 06 мај 2020
Навиката која ја имаа дел од велешките возачи, да паркираат по тротоарите во градот, ја продолжија и на езеро Младост. Таму во тек е реализација на проектот „Паметно езеро Младост„ со кој се предвидени повеќе содржини, па така посетителите ќе можат да уживаат и ги користат туристичките можности на локалитетот.
Но деновиве, таму може да се види дека по пешачката патека, која е во должина од повеќе од 700 метри, делови од неа се користат како паркинг за автомобили. За ова реагираше и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, кој на неговиот ФБ профил апелираше за ваквата града слика и навика.
Секој ден, неодговорни возачи своите автомобили и мотори ги паркираат на новоизградената асфалтна пешачка патека покрај Езеро Младост. Со тоа ја загрозуваат безбедноста на пешаците, кои за да поминат мора да одат по коловозот. А, ја оштетуваат и патеката затоа што таа не е проектирана и изведена за да го издржи тешкиот товар од возилата Апелирам возачите да ги почитуваат прописите, а полицијата да презема соодветни мерки - порача Коцевски.
Со проектот предвиден е и паркинг простор на влезот од езерото за 23 возила. Проектот „Паметно езеро Младост“ се реализира со грант од Светска банка во висина од еден милион евра.
Tweet |