Петар Печков
Објавено: сабота, 04 декември 2021
Ноќеска нешто по полноќ, автомобил излетал од улица и влетал во локалот „ПАБ“. Има петмина повредени лица, сите со лесни повреди. СВР Велес со информација за настанот.
„На 4-ти декември oколу 00.40 часот во Велес на ул.„Благој Ѓорев“, пред угостителски објект, патничко возило „Сеат ибица“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од Велес, излегло надвор од коловозот и удрило во пешаците Ж.К.(26), С.Ч.(42), М.З.(45), Д.Д.(47) и А.З.(47)“ - соопшти Верољуб Додески, портпарол на СВР Велес.
Бил извршен увид на местото на незгодата. Од Велешката Болница информираа дека повредените лица се пуштени на домашно лекување.
„Ноќеска после полноќ примени се петмина пациенти на возраст од 26 до 47 години со лесни телесни повреди. Претежно се нагмечувња на екстермитети. Прегледани, и пуштени дома“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
Tweet |