речник контакт

Автомобил излетал кај Дорфулија, возачот од Куманово починал

Сопатничката минала со телесни повреди

Петар Печков

Четвpтокот на пладне автомобил со двајца патници излетал од магистралниот пат Велес – Штип, при што возачот починал а сопатничката минала со лесни телесни повреди. Сообраќајниот инцидет се случил кај клучкаа за Дорфулија. 

„На 10 септемврио во 14:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на клучка за село Дорфулија, општина Лозово, патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(47 год) од Куманово, излетало од патот.  Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“ – соопштија од МВР. 

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Судска медицина за обдукција. Kaj cопатничката во автомобилот Т.С.(44 год ) од Куманово, од велешка болница информираа дека  кај неа се констатирани  телесни повреди.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »