речник контакт

Автомобил излетал од мостот кај Стари Град, кочанчанец со тешки повреди е во велешка Болница

Сообраќајката се случила околу 12,30ч на мостот на рeка Бабуна

Петар Печков

Автомобил излетал на регионалниот пат Велес- Извор, кај Стари град, еден од двајцата  патниците се здобил со тешки повреди. Oд полицијата информираат дека возилото било марка „ауди“ со кочански регистерски таблички.

Сообраќајката се склучила околу 12,30 ч. кога автомобилот излетал од мостот на река Бабуна. Повреден е патник, со место на живеење од Кочани e на 65 годишна возраст.

„Пријавена е сообраќајка кога автомобил со двајца патници  излетал до мостот.  Испратена е екипа на Итната помош и  еден пациент е превземен  од приватна возило, кај селото Бусилци.  Пациентот имал отворена рана на главата, со крварење, во стабилна здравствена состојба.   Згрижен е на лице место,  и по укажаната помош префрлен на хирургија во велешка Болница“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на службата  за Итна помош.

Од велешка Болница информираа дека пациентот бил донесен кај нив околу 13,30 ч.

„Кај повредениот патник има повреди на глава и граден кош и се наоѓа на здравено иследување“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »