речник контакт

Автомобил излетал од пат, сопатничка завршила на Клинички во Скопје

Инцидентот се случил на крстосницата Извор - Богомила

Петар Печков

Автомобил излетал од патот на крстосницата за Извор и Богомила, двајца патници превезени во болница, сопатничката со политраума завршила на клиниките во Скопје. Деталите од информацијата на велешката полиција и болница.  

„На 12 февруари во 18:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионален пат, на крстосница од село Извор кон село Богомила, велешко, патничко возило „фолксваген туран“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.У.(65 год) од с. Горно Јаболчиште, велешко, излетало од патот“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.У.(66 год) од с. Горно Јаболчиште, а со телесни повреди се здобил возачот М.У., констатирани во Општа болница Велес. 

„Кај пациентката по извршените прегледи и снимања, констатирани се скршеници на ребра, повреда на глава, па е пренесена на клиниките во Скопје“ – кажа д-р Анамарија Џунџева, портпарол на Општа болница Велес.  

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за излетувањето на автомобилот.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »