Петар Печков
Објавено: среда, 23 ноември 2022
Вторникот вечерта на плоштад Сармаале, велосипедист бил тешко повреден од страна на возач на автомобил МВР со детали за настанот.
„На 22 ноември околу 19.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Велес, патничко возило „сеат леон“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(47 год) од Велес, удрило во велосипед управуван од Х.У.(22 год) од Велес“ - соопштија од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Велес.
„Кај повредениот при прегледите е констатирана скрешница на потколеница поради специфичноста на повредата и можни последици, испратен е на трауматологија во Скопје“ - соопшти д-р Елена Лекова Ќулумова.
По овластување од Јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Tweet |