Петар Печков
Објавено: петок, 21 август 2026
Компанијата „Агриа“ од Велес денес ги извезе првите количини на свинско месо во соседна Албанија. Со ова најголемиот производител на свинско месо во Македонија започна со пласман во соседството.
„Ги извезовме првите седум тони свинско месо на пазаарите во Албанија. Ова е прв извоз на свинско месо од Македонија во оваа држава но и воопшто извоз на свинско месо од Македонија. Затоа има значење не само за нас како компанија, туку и за македонската економија“ – кажа Томислав Колевски, директор во Агриа.
Досега Македонија нема извезно свинско месо на било кој пазар и ова е прв таков пласман. Ако компанијата е позната по производството на свинско месо, АГРИА е докажан производител на високо квалитетна добиточна храна од сопствената фабрика. Компанијата во своите рамки поседува фарма за производство на умерено количество на говедско месо и како и сувомесни производи.
| Tweet |





