речник контакт

Актерката Весна Димитровска се омажи ( фото)

Таа стапи во брак со Ристе Бобевски. Свaдбата наесен, свадбеното патување во Монте Карло.

Петар Печков

Петнаесет години  Ристе Бобевски  ја посакувал  за сопруга Весна Димитровска, толку време таа била негова тајна желба. Истата му се претвори во јаве на неделната регистрација, кога двајцата стапија во брак. Иако разликата во години е голема цели единаесет, љубовта и меѓусебното разбирање   ја надминуваат.

Бев нејзин обожавател, одев на претставите, сите улоги и ги знам, но не знаев како да и пријдам. Случајно дојдов до нејзиниот број од мобилниот, и се јавив  и така започна нашата комуникација. Така ја побарав за сопруга, одговорот го чекав цели два месеци. Кога се сретнавме, таа одговори со да на мојата понуда. Ги има сите афинитети како жена, кои јас ги посакувам. Среќен и горд сум на овој мој избор   – вели Ристе Бобевски кој има 36 години, неговата избраничка Весна 47. 

Тој  има фирма за транспорт и шпедиција, живее во Германија, но Весна нема да ја напушти театарската сцена, ќе живеат во Велес.  Судбината како да ги врзала меѓусебно, оти тие биле и соседи а тоа не го знаеле. Свадбата се подготвува за наесен, оти Ристе се враќа  назад а Весна останува во Велес. Свадбеното патување е  планирано за Монте Карло, голема желба на Весна.

Морам да ја истакнам поддршката и приемот од родителите на Ристе, свекорот и свекрвата, кои и покрај разликата во годините одлично ме прифатија. Животот е нешто што се случува надвор од нашите планови, иако велев дека нема да се омажам, тоа се случи. Сите мои соседи знаеле дека тој ме сака, а јас последна дознав. Многу сум среќна оти добив семејство, моите родители одамна починаа и сега со овој чин мојот живот доби нова димензија, голема љубов, лебдам во облаци – вели Весна Димитров Бобевски.

Таа во хороскоп е   бик а Ристе е  овен  и двајцата велат дека ќе има театар и дома, ќе бидат интересен спој на хороскопски знаци кои имаат рогови. И додаваат дека неуморно работеле на принова. Костимите за регистрацијата  се дело на модната креаторка Александра Крнинова Груев а за изгледот се погрижи стилистот  Томче Тоцинов.   Кумството е старо стотина години од фамилија Андоновски, сега  преку ќерката мажена Панчевски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »