Петар Печков
Објавено: недела, 04 декември 2011
Актерот Васил Зафирчев е креативен и уметнички директор на проектот Калиопи на Евровизија, ова го потврдија и двајцата уметници. Тој претходно истата функција ја имаше изминатите години и во Калиопи Мјузик продукција ( КПМ). Зафирчев ќе помага во презентацијата на македонската песна за Евросонг кој во мај ќе се одржи во Баку - Азербејџан
Мојата обврска е осмислување на целиот проект и координација на сите соработници во него. Немав дилема да ја прифатам оваа обврска, бидејќи таа е исклучително важна за земјава. Ќе понудиме квалитетен и добар производ, кој ќе ги исполнува стандардите на Калиопи и ќе значи достојна презентација на Македонија на Евровизија – рече Зафирчев. Тој и Калиопи беа претходно во брак но се разијдоа, а нивната професионална врска и натаму продолжува.
Tweet |