Петар Печков
Објавено: сабота, 23 декември 2006
На прес конференција одржана во Центарот за поддршка на невладините организации беше претставено граѓанското здружение составено од невладини организации од Велес и актерите од велешкиот театар чија цел е актуелизирање на изградба на театарска зграда во градот.
- Имаме катастрофални услови за работа, за следење и играње на претстави. Тоа беше повод заеднички цивилниот сектор и актерите да реагираме и побараме дека е неопходно нова тетарска зграда во Велес, бидејќи таму условите се ужасни - изјави актерката Слободанка Чичевска. Таа потсети дека 10 години проектот за нов театар е готов но никако да започне изградбата и затоа апелира тоа да се случи што поскоро.
- Кога подготвуваме претстава на овие ниски температури завиткани сме со шалеви, со капи на главата и ќебиња преку себе, што не е достоинствено. Публиката е во полоша состојба бидејќи таа час и половина мрзне во салата. Затоа предлагаме сега на секоја претства на гледачите да им делиме ќебиња - изјави Зоран Љутков, актер.
Поради лошите услови за работа, децата од драмското Студио „Прличко“ ја прекинале работата се до пролет.

Tweet |