Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 јули 2026
Вчера, недела 5. јули полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во содејство со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид, реализирале координирани акциски контроли кон пловните објекти во водите на Охридското Езеро. Мерките биле преземени согласно одредбите од Законот за внатрешна пловидба.
„При извршена контрола на вкупно 63 пловни објекти. Кај 31 пловен објект и кај 31 лице, констатирани се 52 прекршоци и тоа: немање задолжителна опрема, управување необележан пловен објект, управување нерегистриран пловен објект, управуване пловен обект за време на забрана, управување пловило без одобрение за пловидба, превезување повеке патници од дозволеното, неносење пловидбена дозвола, и сл. По извршено алкотестирање, кај девет лица било утврдено дека се под дејство на алкохол. Кај пет лица кои вршеле изнајмување на педалинки, била констатирана нецелосна примена на безбедносните правила при нивното изнајмување“ – информира Стефан Димовски портпарол на СВР Охрид.
Целта на акциските контроли, кои од полицијата најавуваат дека ќе бидат редовни во текот на летото, била доследно почитување на одредбите на Законот за внатрешна пловидба и зголемување на степенот на безбедност на вода.
фото СВР Охрид
| Tweet |





