Петар Печков
Објавено: сабота, 21 септември 2013
Тој е избран од Извршниот комитет на партијата и неговиот избор доаѓа по јавно објавениот конкурс за избор на претседател, на кој имаше пријавено 20-тина кандидати.
Колев доаѓа на местото на Славчо Чадиев, актуелен градоначалник на Општина Велес, кој претседателското место го напушта после локалните избори.
Инаку тој е долгогодишен член на ВМРО ДПМНЕ. Александар Колев е роден 1981 година во Велес. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој е доктор по општа медицина на одделението за хируршки болести во ЈУЗ Општа болница Велес, а во моментов и специјализант по општа хирургија.
Tweet |