Петар Печков
Објавено: четврток, 30 март 2017
Младата Александра Ѓоргиева, во Ликовниот салон ја промовираше својата втора книга, овој пат романот ,,А сите го сакаа,, Таа е ученичка во четврта година во Економското училиште Јовче Тесличков. Со ова дело таа според промоторот разгалува, побудува чувства кај помладата и кај постарата генерација.
Секој читател ако го земе во раце романот на Александра, најнапред ќе се запраша: што се раскажува во него, дали вреди да се одвои време за да се прочита. Но, ако бараме одговор ќе го откриеме во содржина, тогаш има многу да се кажува, зошто ова дело е преполно со чувста кои го водат читателот, што поскоро да дојде до крајот за да ги разјасни многу предизвици во кои ќе се открие одговорот.
Творечкиот подем е полн со емотивните напливи на љубовните размисли во романот „А Сите го Сакаа“. Писателката сонува, мечтае, го посакува можното и неможното, да стане препознатливо; како во некоја бајка што се развива во друг свет, како изгубеното да се вгради во плодот на сопствената желба и мисла – рече промоторот Божидар Јовиќ.
Авторката Ѓорѓиева ја открива сликата како грст од многу прамени од најранота младост, од 19 годишна возраст на заемности меѓу Анѓа и Мартин. Во таа паралелна љубов од двете страни во младоста, која никнува и се развива кон саканиот до 84-та годишна возраст. Во 2016 год, Ѓоргиева го има објавено нејзиниот прв роман со наслов; „Љубов на прв поглед“.
Промоцијата беше во организација на Локалниот клуб на писатели ,,Кочо Рацин,,.
Tweet |