речник контакт

Алмо Чатлак подготвуваше хрватска храна за велешани

Во рамките на првиот гастрономски фестивал кој се одржува во Македонија, во хотелот Романтик, на велешкото езеро Младост,Алмо Чатлак подготвувавше храна од повеќе делови на Хрватска.

Петар Печков

 Алмо Чатлак  кувар од Загреб, кој со неговата емисија,,Добро утро, добар апетит,, секој работен ден оди на националната Хрватска телевизија ХТВ, беше гостин на велешани и за нив подготвуваше тамошни национални специјалитети. Во рамките на  првиот гастрономски фестивал кој се одржува во Македонија, во хотелот Романтик, на велешкото езеро Младост, тој комбинираше храна од повеќе делови на Хрватска.

Од утро па до вечер, Алмо со неговите домаќини подготвуваше сопарник, ладно предјадење - маринирани инчуни со мотар и капар, ( вид морска риба подготвена со приморско растение) ,  топло предјадење кошнички со сирење, главно јадење- филе талијата со компир салата со тартуфи (ретки печурки кои растат само во Истра) и за десерт сладолед од ванила со прелив од топли јагоди како и фритули ( вид  на ванилици, само пржени во зејтин).

Храната што ја подготвив е пресек на хрватската храна, од Далмација, Истра, Славонија или на гостите да им понудиме јадење од секој дел на мојата земја. Секој регион си има своја специфика и сите тие имаат богата кујна која не им е позната и на самите Хрвати од различните краишта.  За подготовка на јадењата од Хрватска донесов  зачин мотар и  печурки тартуфи, додека се останатото можеше да се набави во Велес – изјави Чатлак кој во месец мај на ХТВ ја емитуваше неговата илјадита емисија ,,Добро утро, добар тек,, .

За гледачите на неговата  емисија секогаш открива некоја храна од соседството, открива нешто ново а по враќањето од Македонија ќе подготви и нешто што тука видел и научил. За македонската кујна вели дека е карактеристична по вкусот и состојките, ги  сака ароматични јадења кои се подготвуваат тука. Ги сака ајварот и пинџурот, но препорачува дека треба внимателно со нив, бидејќи се многу зачинети. Од овдешното вино сака да го пие ,,Александар,,. Прв пат е во Македонија и презадоволен е  од престојот, од приемот, од гостољубивоста на луѓето

Денес најраширена храна во светот, каде спаѓа и вашата, е медитеранската, таа е најпозната, најприфатена, најлесна  за подготовка, едноставна и има иднина. Гастрономијата многу напредна и сите знаат кога ќе дојдат во некој ресторан  што е тамошен специјалитет за тој дел од земјата. Ме интересираат сите кујни на светот, пред се тие што ми се географски близу. Имам доста обврска во  производството на емисијата, тоа е напорно но ме радува и се надевам дека ќе најдам рецепти за две илјадита емисија. Може да се живее од оваа работа, штом ме бараат значи дека сум добар –вели Чатлак.

Роден е во Рим Италија пред 43 години, па  со пет години заминале во Германија каде со родителите кои биле угостители, подоцна  работел во таа дејност и тие  му ја пренеле љубовта кон храната по што и денес се бави со неа. Имал бистро во Загреб а сега неколку години работи само со тв шоуто ,,Добро утро, добар тек,, кое е негова продукција.  Во мај месец е емитуван илјадитиот прилог, што ќе рече дека работи пет години во телевизиското кулинарство што е тренд во светот.

Пред велешани беше претставена и италијанската кујна од двајца нејзини мајстори  Анотонио Унгаро професор на гастро - факултет од Венеција и Глауко Масимо Гадуко шеф на кујната во светски познатиот бренд на садови за готвење ..Линокс,, и доаѓаат од североисточниот дел на Италија Венедето, кој гравитира кон Венеција. Таму во главно се јаде риба и зеленчуци, што  потоа се компонира во храната. Двајцата италијански мајстори за гостите на хотел Романтик подготвија  ,,витело донато,, со туна и мајонез, ,,карпачо,, печено  сирово месо, ,, креспеле,, вид на омлет, тирамису  за десерти  како специјалитет  на што тие се горди - подготовка на октопод.

Италијанската кујна е многу сиромашна и едноставна, но богата бидејќи италијанските мајки наоѓаат илјадници начини како да им ја подготват на нивните деца. Јас ќе подготвам неколку јадења на начин како што тоа го прават во Италија. Нашата кујна е многу широка, бидејќи земјата е пространа и опфаќа многу региони со свои карактеристики – објаснува Унгаро кој има 61 години а во кујната е 47 години,  за себе вели дека се родил во кујна, бидејќи овој занает бил семејна традиција од повеќе генерации Тој беше на велешкиот пазар и се што му беше потребно купи од таму, зеленчук, месо, овошје. Организатор на првиот гастро-фестивал во Македонија е хотел ,,Романтик,, и граѓанската асоцијација ,,46664,,. Велешани во наредните денови ќе можат да видат подготовка и вкусат полска и босанска кујна.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »