Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 февруари 2022
Велешанецот Игор Ангелов се наоѓа во Украина, во земјата која е зафатена од војната. По нападот од страна н Русија, тој и неговото семејство остана таму, живеат во близина на Киев. на себе ја припишува вината што останал и никого не обвинува.
-Еден месец пред нападот, од Владата пи препорачуваа да заминеме. Не послушав а зошто? Каде да одам, тука работам, јас сопругата. Кога ќе се вратам во Македонија, за мене не поставувам прашање, но дали сопругата, ќерката ќе добиваат како бегалци било каква помош? Ќе треба се да почнуваме од ново. А ако ми било убаво таму, немаше да заминам. Доста ми беше и ВМРО и СДСМ само со партиски вработувања. Затоа заминав- вели Игор
За заминувањето од Украина вели дека размислува, но не знае како и каде.
- Комунициравме со амбасадорот додека беше тука во Киев. Потоа замина прв и не сум контактирал никого. Но како да заминам, бензинот го нема, да се патува во ова време, за мене е ризик. Девојчето е две години. не знаеш кој е кој по патиштата, опасност од друмски разбојници. Би заминал само со конвој со повеќе луѓе, организирано, сам со семејството никако - додава Ангелов.
Во моментот кога разговаравме, понеделник околу 14ч. беше мирно.
-Денес е мирно, нема сирени, нема татнежи, борби, нели седнаа во Белорусија да преговараат. Во местото каде живееме продавниците се празни, но жителите имаат меѓусебна комуникација и ако нешто некаде дојде, веднаш се јавуваат и се оди да се пазари. Цената на лебот е парче 45 денари а платите се колку македонските 300-400 евра во просек. Денес украинскиот претседател ги пушти затворениците, за да ги бранат градовите, им даде оружје, одлука која не сум сигурен колку е исправна - заврши Ангелов.
Tweet |