речник контакт

Ангелче Петрушев е спортист на Велес за 2022 година, екипа на годината е ГОК Борец

Беа доделени бројни признанија во многу категории

Петар Печков

Ангелче Петрушев е спортист на Велес за 2022 година.  Ова е изборот на Сојузот на спортови на Велес а кој годинава се одржа по 63 пат.  Петрушев е кајакар, настапува на диви води слалом и има 18 години. Освен што е државен првак за јуниори и сениор во К-1, тој е 4 јуниор од  Европа, пласман кој го оствари на ЕП во Иври Италија летово.  

„Ова признание е голем мотив за мене, да продолжам со напорната работа со кајакот.   Треба да го повторам успехот од годинава, но и да имам повеќе.   Следна цел  е Светското првенство во Лондон, кое е воедно и квалификација за Олимписките игри во Париз. Мојата цел е да бидам учесник на Олимпијадата. Ќе да дадам се до себе за да ја остварам оваа цел“ - изјави за ТрМр, Петрушев.   

На листата на најдобри сениори од Велес се најдоа и планинарот Тодорче Ѓорѓиев, одбојкарот Филип Лепидовски, футсал играчот Кирил Ивановски, велосипедистот Виктор Ванчевски, кошаркарот Стефан Митрев, фудбалерот Милан Чичевски, каратистката Мартина Арсовска, велосипедистот Кристијан Ванчевски, фудбалерот Пеце Стојановски од ФК Превалец, Драган Трипчева од ЖФК Борец, Трајче Илиевски АРК Велес, Александар Златаров АРКА Борец.

Кај сениорите најдобра екипа е ГОК Борец, второ место е КМФ Кеги Моби и трето КК Борец Баскет а признанието за тренер го доби Дарко Николов- одбојка.  Кај индивидуалните спортови најдобра екипа е МВК Велес, пред Карате клуб Гладијатор и трето КК Арка Борец.  За тренер е прогласен Љубомир Спасиќ.

Во младинска конкуренција во екипни спортови најдобра е ГОК Борец, пред РК Бисинов и трето за Кајак клуб Гемиџии тренер е Никола Бисинов. Додека  екипно  индивидуални спортови прв е Карате клуб Гладијатор пред КК Арка Борец  а трет ККК Вардар, тренер е Димче Стефановски.

Надежи на велешкиот спорт се: Марија Пановска ККК Гемиџии, Аце Јовановски Боречки клуб Борец, Андреј Димовски ФК Борец јуниор, Марија Прпева Тениски клуб Борец, Христијан Лазаров КК Арка Борец, Панче Малинов КК Борец баскет, Константин Коцев Будо, Александар Алексов ККК Гемиџии, Лука Бацковиќ КК Гладијатор, Фросина Спиров ЖФК Борец, Дарко Жабев ГОК Борец,  Петар Трајковски ЗСР Бабуна, Александар Ристоски МВК Велес, Стефан Рибарски ККК Вардар, Бојан Стефановски КК Борец баскет,   Марко Поп Тодоров КК Гладијатор, Марија Пренџова ОК Борец, Христијан Смилев КК Бабуа, Симона Ѓурова Будо, Филип Настов ГОК Борец, Благој Гугинов Арка Борец, Мартин Иванов  РК Бисинов, Ана Пановска ОК Виола,  Павел Димовски ККК Гемиџии, Џенита Кицара ЖФК Борец и Дарко Личовски ГРК Борец.

Сојузот на спортови додели признанија и за поранешни спортисти, кои оставија неизбришлив траг во велешкиот спорт: Јосе Николов фудбал, Зоран Ивковиќ кошарка, Форо Ивчев кајак и Ангел Кирков -ракомет.

Постхумно признание добија ракометарот тони Шопов и Ристе Гиовски од мал фудбал.    

За манифестации признанија добија Велес бајкинг за рекреативно велосипедска тура, Мото клуб Велес за ендуро трка, Велешкиот атлетски маратон и пливачкиот маратон, додека посебни призванија за ФК Борец јуниор и ракометарот Костадин Петров.  
Признанија имаше и за арбитрите од Велс кои делат правда на спортските терени - Јован Јовановски тениски судија, Маја Војдиновска карат судија и ракометниот судиски пар  Пепи Димков и Божидар Јованов.

Сојузот на спорови додели признанија и за училишниот спорт, за основци за ОУ Васил Главинов, за средно e Гимназијата Кочо Рацин, за педагог за основно е   Ангел Љутков и  за средно е Славчо Давитков. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »