речник контакт

Ангел Петрушев 11-ти на јуниорското ЕП во кајак на диви води слалом

Тој одлично веслаше во Солкан Словенија во К-1

Петар Печков

Викендов во Словенија во Солкан на реката  Соча се одржа Европското првенство за млади категории во кајак на диви води, слалом. 

Младиот велешанец  Ангел Петрушев, како член на македонската репрезентација   во К-1 го освои 11-тото место кај јуниорите, откако во јуни на Светското првенство беше 15-ти. 

Тој во квалификациите во првата трка беше 55-ти од 64 натпреварувачи, во втората трка втор од 44 а во полуфиналето 15-ти од 30-ти со што обезбеди пласман во финалето. 

Со освоеното 11-ти место, Петрушев ги потврди неговите квалитети и дека од него можат да се очекуваат добри резултати во следните настапи во У-23 и секако во сениорска конкуренција.

На ЕП настапија и четворица други натпреварувачи, членови на македонска селекција.   

Кај девојките Олгица Мелова од Демир Капија во јуниорки К-1 слалом беше 34-та во првата трка од 45 учеснички и 21-ва од 30 во втората трка. Ангела Димова од Велес беше  42-ра во првата трка од квалификациите и 25-та во втората трка од 30 учеснички.  

Кај јуниорите  во К-1 велешанецот  Стефан Рибарски  во квалификациите извесла  во првата трка 43-то време од 64 натпреварувачи и 24-то време од 44 во втората трка. Давид Ристовски од Демир Капија во првото возење во квалификационите беше 52-ри од 64 учесника и во второто возење 43-ти од 44 натпреварувачи.

Јуниорите возеа и екипно 3хК-1 и како репрезентација на Македонија го зазедоа 11-то место од 18 држави учеснички.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »