речник контакт

Анес Алидини, мајстор за десерти

Тој освои награда за десерт круша во црвено вино со сос од авокадо и крем патесери на Државниот натпревар по готварство за средни угостителски училишта. Две медалји за велешките ученици

Петар Печков

 Анес Аладини ученик во четврта година во Средното училиште Коле Неделковски доби  специјална награда – самостојна и независна за најдобар десерт на Државниот  натпревар во готварски вештини.

Тој изминатиот викенд  во Крушево каде  се одржа вториот државен натпревар  успеал  да ги маѓепса судиите со неговата  слаткарска вештина. Затоа  добил посебна и специјална награда за најдобар слаткар на натпреварот – категорија која до тогаш воопшто и ја немало, но морала да се додели заради одличната талентираност и изведба на ученикот Алидини. 

Дури и главниот во жирито станал  срдечно му подал рака и му честитал за прекрасно изработениот десерт „круша во црвено вино со сос од авокадо и крем патесери,,.

Во конкуренција на пет угостителски училишта од  Македонија  екипите од Коле Неделковски освоија две медалји.  Злато за  Василија Илиевска – 4 година,  Ангела Делова – 3 година и  Харис Алидини – 3 година додека сребро за Анес Алидини – 4 година, Виктор Карастојанов – 4 година, Даниел Пешовски 3година.

Тимовите работеа под менторство на наставникот Руска Ајтова, која со нејзиното  искуство и познавање успеа да им ја пренесе на учениците магија на кујната.  Тимовите се натпреваруваа во категорија: „Подготовка на мени од три јадења“ - предјадење, главно јадење и десерт.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »