речник контакт

Антигона на театарот од Истанбул го отвара Стоби

11 издание на Фестивалот на античка драма, „Стоби,, ќе биде отворен на 14, а ќе заврши на 28 јули

Петар Печков

Претставата „Антигона“ во режија на Кенан Ишик, а во изведба на Државниот театар од Истанбул, ќе го отвори годинешното 11 издание на Фестивалот на античка драма, „Стоби“.
На репертоарот на овој фестивал, редок од ваков тип на Балканот, ќе се најдат уште осум други претстави од различни европски земји, но и неколку домашни поставки.

Една од нив ќе биде и премиерата на новото дело на режисерот Владе Цветановски, „Архелаос“, во продукција на Драмскиот театар од Скопје . Фестивалот ќе биде отворен на 14, а ќе заврши на 28 јули. И оваа година жири-комисијата ќе додели Гран при награда за најдобра претстава, награда за режија, и за најдобра машка и женска улога.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »