речник контакт

Апелација Скопје и Врховен без одговор по жалбите на Панчевски, судењето во Основен суд Велес одложено по втор пат

Ниту обвинетиот екс претседател на Основен суд Скопје 1 не се појави иако МВР во повеќе наврати го барала дома, но не го нашла

Петар Печков

Ниту по безмалку месец дена Апелација Скопје и Врховен суд не донеле одлуки по предметот за обвинетиот екс претседател на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски па судењето во Основен суд Велес не се одржа.

Судијката Габриела Гајдова информираше дека  не добиле  одлука на Апелација Скопје, по жалбата на Панчевски. Тој се жалел на решението на  Основен суд Велес кој  ја отфрла неговата жалба  овој суд  да се прогласи за ненадлежен.  Немало ниту доставена одлука на Врховен суд по барањето на обвинетиот Панчевски за пренесување на месната надлежност на друго Апелациони подрачје. 

Така судијката Гајдова објасни дека засега  не може да се работи овој предмет. Ниту пак обвиениот екс претседател на Основен суд Скопје 1 се појави во судницата.  Според информацијата на МВР која беше прочитана во судницата, во неколку наврати тој е баран на адресата која е доставена, а во моментите на проверка обвинетиот  не бил најден дома. Од разговор со соседите полицијата дознала дека Панчевски живее на таа адреса и го користи живеалиштето. 

Обвинителството го товари Панчески за кривичното дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластувања,,.  Обвинителството утврдило дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, обвинетиот како службено лице – претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје, со умисла извршил повеќе пречекорувања  на службеното овластување.   

Обвинетиот како претседател на судот влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување. Панчевски  со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »