речник контакт

Апелација молчи на барањето на екс претседателот на Основен суд Скопје 1, Панчевски да не му се суди во Основен суд Велес, па судењето по трет пат е одложено

Обидот за достава на покана Панчевски да дојде на судење неуспешен, оти бил во странство, па судијката побара МВР да провери дали и кога тој ја напуштил Македонија во месец декември

Петар Печков

Ниту во третиот обид не започна судскиот процес, во кој обвинет е Владимир Панчевски, кој како претседател на Основен суд Скопје 1 се товари дека местел предмети надвор од АКМИС системот.  Судијката Габриела Гајдова констатираше дека се уште од Апелација не ја добиле одлуката по жалбата на обвинетиот Панчевски, кој се жалел  на решението  дека му е одбиен приговорот  за месна надлежност на велешкиот суд. 

Предметот не е вратен во Основен суд Велес, поради што не може да почне судскиот процес - соопшти судијката Гајдова. 

Жалбата до Апелација била испратена на   18-ти октомври и до денес, 24-ти декември Апелација не одговорила. Затоа пак Врховен суд го отфрлил  предлогот  на обвинетиот, предметот да се работи во друго Апелационо подрачје, не скопското каде припаѓа Основен суд Велес. Образложението на Врховен било дека ваков предлог може да побара судија, претседател на суд, обвинител, но не и обвинет.  Судијката Гајдова кажа и дека обидот да му се достави покана за судењето на обвинетиот Панчевски, не била успешна, а доставницата била вратена со назнака дека ,,лицето  било во странство,,. Затоа таа побара од МВР да провери дали Панчевски во текот на месец декември ја напуштил територија на Република Македонија.  

Владимир Панчевски е обвинет за кривичното дело ,,злоупотреба на службена должност и овластувања,,. Според обвинението   Панчевски  како претседател на судот влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување. Тој  со ставање на писмен „параф“и со усно задолжување на вработени во судската писарница, кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »