речник контакт

Апелација потврди осум години затвор за кавадарчанецот Пешиќ, тренерот стреличар

Пресудата е за кривичното дело „полов напад врз дете, кое не навршило 14 години“

Петар Печков

Апелациониот суд од Скопје, ја потврди пресудата на Основен суд Велес, донесена од судијата Шефшет Адеми за кавадарчанецот Благој Пешиќ (72 год)  кој доби осум години затвор за кривичното дело „полов напад врз дете, кое не навршило 14 години“. Истата беше изречена  и во декември 2019-та, која Апелација ја врати.

Судијата Адеми на повторното судење во декември 2022 година, ја донесе истата одлука од осум години затвор. На неа се жалеше адвокатот на обвинетиот а Апелација одлучила дека ја отфрли жалбата со што пресудата станува правосилна.

За  настанот за кој му се судеше на обвиениот Пешиќ,  МВР  информираше преку нивниот дневен билтен од 29 март 2017 година дека  во Полициска Станица  Кавадарци  пријавен е полов напад врз  тринаесетгодишна ученичка од Кавадарци од страна на нејзиниот тренерот по стрелаштво. Тој во повеќе наврати во последните три месеци вршел обљуба врз ученичката, а последен пат дента околу 18 часот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »