Петар Печков
Објавено: сабота, 08 мај 2021
На тешко пристапен терен и во лоши временски услови, силен ветер, припадниците на АРМ ја промовирана ново набавената алпинистичка опрема. Баталјонот на специјалните сили - Волците и хеликоптер од Вингот на Армијата, во клисурата на река Вардар, кај Демир Капија ја изведоа показната вежба за спасување на повредени лица.
По без малку вертикалните карпи, се спасуваа повредени, на десетина метри височина, за што беше потребно и знаење и храброст и умешност. После 25 години, набавена е алпинистичка опрема, која ќе служи и за помош на цивилното население.
„Оваа вежба покажа колку Армијата може да помогне, кога ги има вистинските луѓе и вистинската опрема. Новата опрема нема да биде користена само за нејзините потреби, туку и во случаи на критични состојби и несреќи на цивилното население. Овие тимови, со оваа опрема можат да обезбедат итна помош и итна евакуација. Ја опремуваме Армијата не само за биде подготвена за операции, туку да пружи помош и на граѓаните во кризна состојба. Од денес ова не се само армиски ресурси, туку и државни, кои треба да помогнат во состојба на заштита и спасување“ - рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска, при промоцијата на новата опрема и показната вежба за користење на истата.
Вредноста на опремата е 15 милиони денари, средства од Буџетот на Министерството за одбрана.
Tweet |